Курбан Бајрам неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед

Курбан Бајрам – 20 јули (вторник) е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во земјава, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните од муслиманската вероисповед во земјава им го честитаат празникот Курбан Бајрам.