Вчера околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на ул. „Коста Новаковиќ”, додека се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало пукање, а проектил завршил во гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија.
„Повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР