Курти им порача на македонските политичари да се држат поблиску до Косово и до Бугарија

Колку е поблиску Македонија до Косово, Албанија и до Бугарија, и колку подалеку од Србија, која не се дистанцира ниту од Слободан Милошевиќ, ни од Владимир Путин, толку поблиску ќе биде до влезот во Европската Унија и ќе биде побезбеден регионот, им порача на македонските политичари косовскиот премиер Аљбин Курти.

„И за ова мора да помогнеме и ќе ја поддржиме Северна Македонија“, рече Курти и додаде дела ваквиот пристап ќе ѝ обезбеди на Македонија најбрзо можно членство во Европската Унија и безбедност на Западен Балкан.

Тој вчера во Скопје и во Тетово се сретна со лидерите на албанската опозиција, но не и со претставници на Владата и на партијата од владеачката коалиција ДУИ.