Градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш во септември ќе се соочи со пресуда за уште една тепачка, пишува 24 Вести. Тој е обвинет во случај од јануари минатата година за делото Нанесување телесна повреда на Демир Ислмаил, активист на Европската ромска дијаспора АСВА. За 12 септември се закажани завршните зборови, вели адвокатот на Исмаил кој тогаш ја очекува и одлуката.
Исмаил повеќе од 30 години живее во Белгија и за ТВ24 вели дека дека има и сведоци и снимки, од настанот кој се случил за време на ромскиот бал во Александар Палас лани. Причината според него била поврзана со неговото делување со хуманитарна помош во општината Шуто Оризари.
Актуелниот градоначалник на Шутка негирал дека го тепал Исмаил, туку дека тоа го сториле други луѓе присутни на средбата.
Фотелјата на Курто Дудуш ја тресе уште еден скандал со аудио снимка на која наводно тепа човек во неговата канцеларија. МВР веќе го испитува овој случај, а премиерот го осуди и вели дека нема да има толеранција за насилство.