Ланс му го нанесе првиот првенствен пораз на ПСЖ

Soccer Football - Ligue 1 - RC Lens v Paris St Germain - Stade Bollaert-Delelis, Lens, France - January 1, 2023 Paris St Germain's Kylian Mbappe in action with RC Lens' Jonathan Gradit REUTERS/Pascal Rossignol

Фудбалерите на Ланс во последниот неделен натпревар од 17-то коло од француското првенство славеше на домашен терен со 3:1 над Пари Сен Жермен, нанесувајќи му го првиот првенствен пораз сезонава.

Против париските „Светци“, кои натаму се без Аргентинецот Лионел Меси кој е на одмор суспендираниот Бразилец Нејмар, на стадионто „Бојаер-Делели“, Ланс додјде во водство преку Полјакот Пржемислав Франковски уште во 5 минута, а само три минут подоцна израмни Иго Екитаке. Сепак, тимот од северот на Франција дојде до заслуженото водство со головите на Лоа Опенда во 28 и на Алексис Клод Морис во 47 минута.

ПСЖ и натаму е во водство на табелата со 44 бодови, а Ланс уште го следи од втората позиција но сега со четири бодови помалку. На третата позиција е Олимпик Марсеј кој имаа 33 бодови но и натпревар помалку.

Фудбалерите на Лион се поразени на домашен терен од Клермон (0:1) во неделната програма од 17-то коло на француската лига.

Лион доживеа непријатен пораз на својот „Жерлан“, а Клермон оствари неочекувана победа со голот на австрискиот интернационалец Мухамед Чам во 86 минута од пенал. Така, Лион со 24 бодови остана на осмото место на табелата, а Клермон сега скокна на деветтото со 22 бодови.

Монако се врати на четвртото место совладувајќи го Брест со 1:0, а решавачкиот гол во 54 минута го постигна Русинот Александар Головин. Монако има 33 бодови, исто колку и третопласираниот Марсеј а два бода повеќе од петтиот Рен, но дваа клуба имаат по еден натпревар помалку.

Анже на домашен терен против Лориен поведе уште во 10 минута со погодокот на Абдалах Сима, но во финишот на дуелот во 79 минута истиот играч ја затресе сопствената мрежа за израмнување на гостите. Гостите потоа во 88 минута преку Енџо Ле Фее направија резултатски пресврт за победата од 2:1.

Лориен со новите три бода е моментално шестопласиран со 31 бод, два повеќе од Лил кој има и меч помалку, а Анеже остана на дното, 20-ти е со само 8 бодови.

Тулуз беше сигурен на домашен терен со Ајачио, совладувајќи го со 2:0, со погодоците постигнати во првиот дел од второто полувреме. Во 46 минута резултатот го откри Рафаел Ратао а во 62 минута победата ја потврди Брехт Дежагер.

Тулуз моментално е на 12-то место со 19 бодови, а Ајачио е 16-ти со 15 бодови, два повеќе од зоната на испаѓање.

Нант на домашен терен биеше минимално подобар од Оксер со погодокот на Маркус Коко во 74 минута. Нант е 14-ти со 17 водови, а Оксер е во зоната на испаѓање 18-ти е со 13 бодови.