Лавров: Акцијата на Косово е провокација, Западот сака ‘санитарен кордон’ кон Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини во средата западните земји за политика на создавање „санитарен кордон“ кон Русија, што според него се одразува и во регионот на западен Балкан, а вчерашната акција на косовската полиција на северот од Косово населен со доминатно српско население ја оцени како провокација.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров престојува во работна посета на Словенија, а во текот на заедничката прес-конференција со словенечкиот колега по должност, Миро Церар, оцени дека вчерашната акција на косовската полиција во српските општини на северот од поранешната јужна покраина на Србија, всишност претставува „провокација од албанската страна“, и покрај тоа што Приштина уверува дека станува збор за акција насочена против криминалот и корупцијата.

Во истиот контекст Лавров, исто така, истакна дека меѓународната заедница, во прв ред Европската унија и НАТО се обидуваат од Балканот да создадат „санитарен кордон“, односно своевидна тампон зона кон Руската Федерација. Додаде дека во разговорот со словенечките соговорници стекнал впечаток дека Словенија таквата политика на Западот не ја поддржува.

Реагирајќи на изјавата на рускиот колега, Церар рече дека европската перпектива е многу значајна за иднината на западен Балкан, па така и на Косово. Но оцени, исто така, дека акциите како вчерашната може дополнително да го загрозат дијалогот меѓу Белград и Приштина и да ги зголемат билатералните тении.

Церар, исто така, нагласи дека Словенија е членка на ЕУ и НАТО сојуот, но дека одржува и редовен политички дијалог на високо ниво со Русија.

„Како членка на Европската унија и НАТО, Словенија се залага за стабилност во меѓународната заедница, особено во нашето соседство на западен Балкан. Затоа го поддржуваме отворениот дијалог со Русија за сите теми од меѓународно значење“, рече Церар.

Двајцата шефови на дипломатиите односите меѓу Словенија и Русија ги оценија како добри, особено на економски, културен и друг план од заеднички интерес. Рускиот претседател Владимир Путин изминатите години трипати ја посети Словенија, а секоја година се одржува посета на висока руска делегација на годишнината од манифестацијата на превојот Вршич, кај ткн Руска капела, ќаде се одржува комеморација по повод годишнина од трагичниот настан, кога голем бројни руски воени заробеници во зимата 1916 година загинале во снежна лавина кога биле принудени да градат планински патишта.

Одговарајќи на новинарско прашања, Лавров не сакаше да ги коментира оцените на Церар, за разлика од претходниот министер за надворешни работи Карл Ерјавец, дека сака „да ја избалансира“ надворешната политика на Љубљана со оддалечувње од Русија и подобри врско со САД, велејќи дека Руската Федерација не се меша и не ги коментира политките на други држави/

Словенечкиот шеф на дипломатијата додаде дека членството на Словенија во ЕУ и НАТО претставува темел на нејзината надворешна политика и меѓународната позиција, иако тоа, како што додаде, не значи автоматско слабеење на односите со Русија како значајна меѓународна сила и постојана членка на Советот за безбедност на ОН.