![lavrov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/lavrov.jpeg?resize=696%2C430&ssl=1)
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека континуираната испорака на залихи и оружје за Украина значи дека НАТО алијансата „во суштина e вклучена во војна со Русија“ и ја обвини организацијата дека „лее нафта врз оган“.
Toj исто така, предупреди да не се провоцира Третата светска војна и рече дека заканата од нуклеарен конфликт „не треба да се потценува“.
Лавров рече дека оружјето испорачано од западните земји „ќе биде легитимна цел“, додавајќи дека руските сили веќе гаѓале магацини за оружје во западна Украина.
Во меѓувреме, САД во понеделникот почнаа да брзаат со испораката на повеќе оружје во Украина и рекоа дека помошта од западните сојузници прави разлика во 2-месечната војна.
„Русија пропаѓа. Украина успева“, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен, еден ден откако тој и секретарот за одбрана на САД престојуваа во посета на Киев за да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски.
Блинкен рече дека Вашингтон одобрил продажба на муниција од 165 милиони долари – американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пак ги насочи своите коментари понатаму, велејќи дека иако САД сакаат да ја видат Украина да остане суверена, демократска земја, тие исто така сакаат „да ја видат Русија ослабена до тој степен да не може да прави работи како што е инвазија на Украина“.