Лавров во Ирак зборуваше и за продажба на оружје во Сирија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во текот на посетата на Ирак разговараше со ирачките лидери во Багдад за продажба на оружјето и за војната во соседна Сирија.

По минатоднеделниот состанок во Москва, рускиот претседател Владимир Путин и командантот на војската и водечките личности во Египет, генералот Абдел Фатах ал Сисиј, посетата на Лавров може да значи зголемен напор на Москва да ги засили односите со арапските земји кои долго време имале блиска врска со Вашингтон, толкува агенцијата АФП.

На заедничката конференција со новинарите на Лавров со шефот на ирачката дипломатија Хосаир Зебари, рускиот министер за надворешни работи изјави дека Русија ветила дека ќе ја забрза испораката на оружје со ирачките сили во судир со неконтролираните терористички групи кои влегуваат преку сириската граница.

Посетата на Лавров во Багдад, доаѓа по неуспешните завршени преговори меѓу режимот и опозицијата во Женева, под покровителство на Москва и Вашингтон на 15 февруари.