
Лекот ГО НЕМА во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени никакви препораки, реагира д-р. Нанад Лазаров, откако претходно мининистерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук информираше дека истиот од денеска го има во аптеките низ Македонија.
Во продолжение целата објава на доктор Лазаров:
Еве лажна вест!
Лекот ГО НЕМА во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени никакви препораки.
Касниме месеци, а тоа ефектуира изгубени животи.
Скандалозно е екскомуницирањето на цело примарно здравство, 80% од COVID19 тука се менаџира.
Срамно е лажењето а штетен е ефтиниот PR, пишува Лазаров во својата објава.