Заврши полициската акција на булеварот „Партизански одреди“ спроти Универзална сала во Скопје.
Полицијата, по дојавата за бомба спровела акција во која биле најдени две ваги за на пазар, а едната од нив зуела, рекол за Канал 5 портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Сега булеварот е пуштен за сообраќај, а бомбата била пријавена во близина на популарното собиралиште на младите, каде што има неколку кафулиња и пекарница.