Сомневањето дека пациент од Кина е заразен со новиот коронавирус е отстрането во Србија по лекарските наоди и тестови со кои е утврдено дека станува збор за респираторна инфекција, рече министерот за здравство Златибор Лочнар и истакна дека земјата има реагенси за четири типови коронавирус.
„Пациентот пристигнал во Белград на 13-ти јануари, а на 17-ти јануари се јавиле првите тешкотии кај него и нашиот здравствен систем одреагира на најпрофесионален начин… Земена е анамнеза дека бил во зафатеното подрачје и од истата секунда е реагирано како да го има вирусот: изолиран е, сместен е на Инфективнта клиника и одработена е целата неопходна дијагностика“, изјави Лончар за Радио-телевизија на Србија (РТС).
Дури по тестирањата лекарите биле сигурни дека пациентот нема коронавирус, туку дека станува збор за респираторна инфекција, појасни министерот Лончар.
„Србија има реагенси не само за еден тип коронаворус, туки за четири типови. Во рок од два часа одредуваме дали пациентот има или нема вирус“, додаде Лончар.
Здравствениот систем на Србија располага со потребната опрема и 24-часовно стручно дежирство во координација со сите ресорни служби. Исто така, воведена е отворена телефонска линија поради луѓето кои доаѓат од подрачјата загрозени од заразата и почуствувале тешкотии и симптоми кои би можеле да укажуваат на појава на коронавирусот.
Целта е, па дури и доколку станува збор само за сомневање, овие пациенти да имаат што помалку контакти со другите, посочи Лончар. Во соработка со амбасадата на Кина во Белград напишани се упатств на кинески, англиски и српски јазик.