Лефков: Предлогот на претседателот Мицкоски за решение на енергетската криза е одржлив и квалитетен

Претседателот Христијан Мицкоски излезе со еден план за решение на енергетската криза, тој план е одржлив, квалитетен и државнички план, изјави пратеникот и член на ИК Миле Лефков во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

„Целата јавност виде дека прес конференцијата во која Ковачевски зборуваше за законите кои ќе не извлечат од кризата беа практично политички одговор на решенијата кој ги даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Лефков.

Лефков посочи дека не може да се решава енергетската криза со ПР прес конференции.

„Од наша страна експресно беше поднесен закон за енергетика со кој комуналните јавни претпријатија, општините, болниците и училиштата основните и средните ќе бидат на регулираниот пазар“, кажа Лефков

Лефков изјави дека тој закон за енергетика што доаѓа како предлог на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е еден од основните предуслови за да се спречи понатамошната инфлација.

„Со ова темпо комунално јавните претпријатија, водостопански претпријатија со овие цени на слободниот пазар за електрична енергија ќе дојде до огромни поскапувања на комуналните услуги кои граѓаните не можат да ги издржат затоа што во Македонија имаме навистина неприфатливи стапки на инфлација“, додаде Лефков.

Лефков потенцираше дека ние имаме други параметри, бидејќи сме многу сиромашна држава каде сме многу зависни од храната. Ако ги погледнете бројките за инфлација во храна ќе видите дека не 12 или 13 проценти туку имаме 21,23,25 проценти инфлација во храна.