Легендарниот Џенаро Гатузо тренер на сплитски Хајдук

Џенаро Гатузо, поранешниот легендарен италијански фудбалски репрезентативец, е нов тренер на Хајдук, објави сплитскиот клуб на својата официјална веб-страница.

Гатузо и Хајдук потпишале договор до јуни 2026 година, а италијанскиот тренер следната седмица ќе пристигне во Сплит за да ги започне подготовките за новата сезона. Потоа и официјално ќе биде претставен на стадионот „Пољуд“.

Како играч Гатузо освои бројни трофеи. Беше светски шампион со Италија во 2006 година, освојувач на Лигата на шампионите со Милан во 2003 и 2007 година, двоен победник на Серија А, Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Италија, а го освои и Светското клупско првенство.

Бескромпомисниот голем борец на теренот професионалната кариера ја започна во Перуџа, чиј дрес го носеше од 1995 до 1997 година. Потоа се пресели во шкотскиот Ренџерс, а во италијанскиот фудбал се врати во 1998 година. Прво играше за Салернитана, а потоа и за Милан од 1999 до 2012 година. Својата играчка кариера ја заврши следната година во швајцарски Сион.

Во својата тренерска кариера работеше во бројни клубови. Започна во Сион каде ја заврши играчката кариера. Неговата голема тренерска кариера започна во 2017 година кога работеше во Милано, по што раководеше со исклучиво реномирани клубови. Работеше во Наполи, Фиорентина, Валенсија и како последно работно место во Марсеј до оваа календарска година.

За време на неговата фудбалска кариера, имаше допир до знаењата од најголемите италијански тренерски генијалци како Карло Анчелоти, Марчело Липи и Масимилијано Алегри.

Минатата сезона Хајдук ја заврши сезоната во хрватската ХНЛ на третото место, додека во Купот беше елиминиран во полуфиналето од загрепски Динамо. Гатузо ќе го наследи Јура Иванковиќ на тренерското место на Хајдук.