Светските медиуми пишуваат дека Лејди Гага е бремена, а дека татко на детето е актерот Бредли Купер.
Во еден магазин се појавила фотографија од Гага и Купер на која тој ги држи неговите раце околу нејзиниот стомак. Оваа фотографија дополнително ги поттикнала сомнежите дека можеби пејачката е бремена. Според магазинот „In Touch“ нема сомнеж дека детето кое го носи Гага е на Бредли.
Во јавноста веќе одамна се шпекулира дека тие се заедно, а некои зборуваат дека токму бременоста на Лејди Гага е причината поради кој Бредли Купер се разведува од сопругата Ирина Шајк.
Како што наведува неименуван извор, Гага сè уште не го пребродила раскинувањето со поранешниот вереник Кристијан Карино, така што венчавката веројатно не е на врвот на нејзините приоритети сега.
Тие двајца по повод ваквата вест сè уште не се огласиле јавно.