Лекар на повисока позиција во Универзитетска болница во западногерманскиот град Есен е уапсен под сомневање дека со смртоносни инјекции убил двајца пациенти, а според германските медиуми станува збор за пациенти кои биле заразени со коронавирусот.
Полицијата соопшти дека станува збор за „44-годишен виш лекар на Универзитетската клиника во Есен кој е приведен под сомнение за сторено убиство од небрежност“.
Лекарот е обвинуван дека на еден 47-годишен и на еден 50-годишен пациент, кои починале на 13-ти и на 17-ти ноември, им инјектирал смртоносни раствори.
Лекарот тврди дека тоа го сторил во договор со семејствата на пациентите и дека им ги „скусил патењата“. Тој, меѓутоа, тврди дека смртносната инјекција му ја дал само на едниот од двајцата пациенти.
Двајцата пациенти се наоѓале во критична состојба, а медиумите пренесуваат дека и двајцата биле заразени со новиот коронавирус.
Инаку, активната помош при суицид, односно медицинско потпомогнатото самоубиство, во Германија е забранета.