Славниот музичар Лени Кравиц се појави на ноемвриската насловна страница на списанието „Men’s Health“.
На социјалните мрежи веднаш се појавија огромен број коментари за тоа што музичарот има 56 години, а изгледа барем 20 години помлад. Кравиц покажа неверојатно фит тело, па фановите се прашуваат дали Кравиц воопшто старее.
Кравиц до март одржуваше концерти низ целиот свет, сè до почетокот на пандемијата на коронавирусот. Потоа од Париз замина на Бахамите, каде што планираше да престојува извесно време во својата куќа.
Како што вели во интервјуту за „Men’s Health“, поради пандемијата тој веќе пет месеци живее со истите работи од викенд-торбата.
https://www.instagram.com/p/CFznubVJch1/?utm_source=ig_embed