Левандовски го однесе Баерн на врвот, Шалке повторно без победа

Европскиот и германски фудбалски првак минхенски Баерн повторно е водечки тим во Бундеслигата откако во дербито на 13-то коло со 2:1 славеше на гостувањето кај второпласираниот Баер Леверкузен.

„Аптекарите“ во дуелот влегоа како водечки тим во лигата, а во 14 минута и поведоа со голот на Патрик Шик, по изведениот корнер. Истиот играч во 28 минута го удвои водството на Баер, но по прегледот на ВАР-от погодокот беше поништен поради офсајд.

Домашните до крајот сепак не успеаја уште да го совладаат Мануел Ноер, а Баерн уште еднаш беше победник благодарејќи ја најдобриот играч на сеевето за оваа година, полскиот напаѓач Роберт Левандовсли. Во 43 минута донашниот бек и голманот се судрија во обидот да го запрат нафрлувањето на Томас Милер, а топлата дојде до осамениот Левандовски кој ја постави главата за израмнување. Во последната минута од судиското продолжение на мечот, одбраната на Баер повторно направи кардинална грешка на 25 метри од својот гол. Левандовски влезе во противничкиот шеснаесетник и со малку среќа ги донесе трите бода за Баварците.

Левандовски со овие два сега веќе има 17 погодоци во тековнаата лигашка сезона, и натаму е на врвот на листата на стрелците.

Ова беше првиот пораз на Баер Леверкузен, покрај осумте победи и четирите ремија, па со 28 бодови е второпласиран. Баерн Минхен, пак, ја продолжи серијата од 11 натпревари без пораз и сега со 30 бодови е на врвот. Трет е тимот на РБ Лајпциг кој дома одигра само 0:0 со Келн, кој е 15-ти со 11 бодови.

Шалке 04 и 29-ти првенствен натпревар со ред не оствари победа во Бундеслигата и му недостасуваат уште два вакви исхода да се впише во историјата на елитното германски натпреварување. И со новиот тренер Хуб Стевенес, Шалке на „Велтинс Арена“ беше поразен од Армијниа со голот на Фабиан Клос во 53 минута.

Арминија со новите три бода дојде до вкупно 10 бодови и е на 16-то место, кое водеи во доигрување за опстанок. Шалке досега освои само четири бодови со кои е последен на табелата.

Хофенхајм постигна вредна победа од 2:1 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах. Домашните поведоа со голот на Ларс Стиндел во 34 минута од пенал, а гостите израмнија во 75 минута со со прецизниот волеј на Андреј Крамариќ. Четири бинути подоцна Борусија остана со играч помалку откако поради плукање на противникот црвен картон доби Маркус Турам. Бројната предност гостите ја искористија и во 86 минута реализираше Риен Сесињон.

Борусија Менхенгладбах е на 8-то место со 18 бодови, а Хофенхајм моментално е 11-ти со 15 бодови.

Вердер до победата на гости кај Мајнц дојде со погодокот во 90 минута на Ерен Сами Динкчи. Вердер моментално е 12-ти на табелата со 14 бодови, а Мајнц е претпоследен 17-ти со само една победа сезонава и шест бодови.

Успешната сабота за гостинските екипи кои во сите дуели денеска загубаја само бод, ја заокружи триумфот на Ајтрахт од Франфурт во Аугсбург. Гостите поведоа во 53 минута со автоголот на Рафаел Фрамбергер а победата им ја осигури Штефен Илшенкер во 87 минута.

Со оваа победа Ајнтрахт дојде до 17 бодови и на 9-то место, минувајќи го Аугсбург кој остана на 16 бодови на 10-то место.

Во недела се играат дуелите Фрајбург – Херта и Волфсбург – Штутгарт.