Левандовски им се придружи на Роналдо и Меси

Постигнувајќи го водечкиот погодок за Баерн во гостинската победа од 2:0 кај Унион Берлин во неделата, Роберт Левандовски стаса до својот 40-ти гол во сите натпреварувања оваа сезона.

Полскиот напаѓач оваа сезона во Бундеслигата постигна 26 голови во Бундеслигата, 11 во Лигата на шампионите, и 3 во германскиот куп.

Со постигнатите 40 голови има се придружи на Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои беа досега единствените фудбалери кои постигнале 40 или повеќе погодоци во последните пет сезони во XXI век.

Левандовски минатата година постигна 40 голови, сезона претходно 41, во сезоната 2016/17 постигна 43 погодоци, а претходната 42 гола.

Меси ваквиот постиг го постигна 10 години во низа, а сезонава е на бројката од 24 погодоци.

Роналдо 8 сезони последователно постигнуваше 40 или повеќе погодоци, а серијата ја прекина минатата сезона кога постигна 28 погодоци за Јувентус.

Со вкупно 228 погодоци во германското првенство, Левандовски е најефикасниот странски играл во историјата на Биндеслигата, и трет најдобар стрелец во историјата зад рекордерот Герд Милер со 365 и Клаус Фишер со 268 голови.