Лицемерието на Заев за Кумановските настани на дело

Лицемерието на Заев за кумановските настани исплива на површина. Лидерот на СДМ Зоран Заев конечно призна дека тој и целата негова партија манипулирале со граѓаните на Македонија по акцијата на МВР во Кумановско Диво Насеље. Заев и СДСМ тогаш тврдеа дека акцијата е местенка на македонските власти иако во неа загинаа 8 припадници на безбедносните сили.  По пет месеци манипулација со јавноста лидерот на социјалдемократите се премисли.

Случувањата во Куманово се исто така терористички акт како што го видовме во Париз. Еден од тие луѓе кои влегоа во центарот на Куманово, се повратници од Сирија, тие се бореле таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион.

Оваа изјава лидерот на СДСМ ја даде на настан во Љубљана организиран од „Ифимес“. Заев говореше за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај, во кои животот го загубија осум припадници на безбедносните сили и 10 терористи.

Со оваа изјава, практично се разјасни политичката магла што опозициската партија со месеци ја продаваше пред македонската јавност. Лидерот на социјалдемократите практично призна дека тој и неговата партија цели пет месеци манипулирале со јавноста за случувањата во кумановската Дива населба. Прво ја обвинуваа власта за настаните и се однесуваа антидржавнички, а сега по неколку месеци тврдат дека луѓето кои влегле во центарот на Куманово, се повратници од Сирија, кои се бореле таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион.

Заев и СДСМ претходно тврдеа дека акцијата е местенка на македонските власти, а уште поскандалозно беше тоа што, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на социјалните мрежи се шегуваше со полицајците кои таму ги губеа животите.

kamaj-1

Поразениот претседателски кандидат на СДСМ отиде чекор подалеку па пред странските медиуми ја обвинуваше власта во Македонија дека ги органзирала инцидентите во Куманово. Пендаровски за бугарската агенција БГНес дека инцидентот во Куманово е фабрикуван од власта.

Инцидентот во Куманово е фабрикуван од власта и поконкретно од македонската партија во владеачката коалиција на премиерот Груевски, вели Стево Пендаровски во изјава која ја пренесува Либертас.

libertas-1

Додека цела Македонија тагуваше Заев отиде во Кумановската населба и се сликаше селфи. Исто така, на големиот митинг на СДСМ што се одржа во мај годинава можеа да се забележат натписи „Поддршка за 113 та косовска бригада“ именувана како Исмет Јашари, на моменти скандирања УЧК, УЧК, знамиња на Голема Албанија и прегратки со Зоран Заев.

protest1-500

Поддршката за 113 та бригата е всушност поддршка за терористите кои беа разбиени во Куманово, бидејќи тие се членови во најголем дел на оваа расформирана бригада. Практично луѓето со кои што се гушкаше Заев се поддржувачи на терорстите во чија акција за разбивање загинаа 8 македонски полицајци.

protest500

Понатаму на самиот митинг можеа да се забележат и ликови во маици на Голема Албанија и развиорени албански знамиња.

protest2-500

По сите ови случувања на кои македонската јавност беше сведок, само неколку месеци подоцна, Заев на настан во Љубљана рече дека случувањата во кумановската населба се терористички акт како оној што го видовме во Париз.

zaev-uck

Овој настап на Заев е само потврда за лицемерието на опозициската партија. Истите тие луѓе пред домашната јавност ја обвинуваа власта дека ги исценирала настаните во Куманово кога загинаа 8 полицајци, а во настапите во странство, велат дека случувањата во Диво Насеље се како оние во Париз.

Со оваа изјава Заев го потврди сето она што властите го тврдеа од почеток, дека станува збор за терористичка група која имала за цел да организира повеќе терористички напади во земјата.