Лидерите кои присуствуваат на комеморацијата за Нелсон Мандела

Во моментов на стадионот во Јоханесбург се одржува меморијалната церемонија во спомен на поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела. Легендарниот борец против апартхејдот почина на петтти декември на 95-годишна возраст, по долго боледување, а посмртните останки му ќе бидат погребани на 15-ти декември.

На церемонијата, класифицирана како една од најпознатите сеопфатните собири од овој тип во последниве децении, присуствуваат илјадници луѓе, меѓу кои речиси 100 сегашни и поранешни светски лидери, како и други познати личности од различни сфери. Ова се само еден дел за кои пренесе „Би-Би-Си“:

Американскиот претседател Барак Обама и првата дама Мишел Обама, како и поранешните претседатели Џорџ Буш, Бил Клинтон и Џими Картер.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун и неговиот претходник Кофи Анан.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, вицепремиерот Ник Клег и лидерот на лабуристите Ед Милибанд.

Францускиот претседател, Франсоа Оланд и неговиот претходник Никола Саркози.

Германскиот претседател, Јоаким Гаук.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој и принцот Фелипе.

Министерот за надворешни работи на Холандија, Франс Тимерманс и кралот Вилем Александер.

Премиерот на Норвешка, Хернан Солберг и престолонаследникот принцот Хокон.

Кардиналот од Ватикан, Питер Терксон (Гана).

Канадскиот премиер, Стивен Харпер.

Австралискиот премиер, Тони Абот.

Иранскиот претседател, Хасан Рохан.

Кубанскиот претседател, Раул Кастро.

Претседателот на Бразил, Дилма Русеф.

Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе.

Потпретседателот на Кина, Ли Јоанчао.

Претседателот на Индија, Пранаб Мукхерџи.

Претседателот на Намибија, Хификепуне Похамба.

Претседателот на Палестинската автономија, Махмуд Абас.

Кенискиот претседател, Ухуру Кенија.

Авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи.

Пакистанскиот претседател, Мамнун Хусеин.

Претседателот на Шри Ланка, Махинда Раџапакса.

Британскиот претприемач, Ричард Бренсон.

Американската телевизиска водителка, Опра Винфри.

Боно, солист на ирската рок- група U2.

Британскиот музичар, Питер Габриел, (тој ја дал на Мандела идејата за создавање на невладината организација „Старешините“, составена од водечки светски личности, кои се вклучат со некои од најтешките глобални проблеми )

Британскиот модел, Наоми Кембел.

Јужноафриканската актерка, Шарлиз Терон.