Лидерската заврши без решение. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека борбата на Заев е за неговата кариера, а дека тие се грижат за здравјето на граѓаните.
Според партијата, крајот на летото е периодот најпогоден за избори, бидејќи тоа е периодот кога според експертските проценки здравјето на граѓаните ќе биде најзаштитено.
„Заев како што владее цели три години така продолжува, со ултиматуми и уцени.
Неговиот став или избори во јуни или декември е неприфатлив.Нема коцкање со здравјето на луѓето.Борбата на Заев е за неговата кариера, нашата е за здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните пред се. Брзи избори сега, значи не дали, туку колку жртви ќе се изборјат до крајот. Работа на политичарите е да се грижат за здравјето на сите“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.