Лил подобар од Монако, Лион не го дава третото место

Во дербито на неделната програма од 13-то коло на француското првенство, фудбалерите на Лил со 2:1 беа подобри на својот стадион од Монако, а Лион со гостинската победа од 3:1 кај Мец се зацврсто на третото место на табелата.

Во израмнетата игра во дербито, сите три погодока беа постигнати во второто полувреме, а Лил дојде во водство во 53 минута со голот на Жонатан Давид, а веќе по десет минути водството го удвои Јусуф Јазиси. Монако го ублажи поразот дури во 90 минута со голотна Пјетро Пелегри.

Лил со 26 бодови е втор на табелата, има два помалку од водечкиот ПСЖ, а два повеќе од Марсеј кој има и два натпревара помалку. Монако пак остана на петтото место со 23 бодови.

Лион кај Мец ја продолжи серијата без пораз од девет кола. Последниот пораз „Лавовите“ го доживеаја на 15-ти септември од Монпелје со 1:2, а потоа врзаа пет победе и четири ремија.

За Лион стрелци беа Мемфис Депаи во 17 и Карл Токо Екамби во 47 и 60 минута, додека погодокот за домашните го постигна во 75 минута Фарид Булеја кој во 7 минута при резултат 0:0. И двата тима дуелот го завршија со играч помалку, во 87 минута „поцрвене“ кај домашните Џон Боје, а во третата минута од продолжение гостите останаа без Матис Риан Шерки. Мец е 13-ти со 16 бодови.

Лион со 26 бодови е израмнет со второпласираниот Лил, а има два бода повеќе зад четвртиот Марсеј, но кој има два натпревара помалку.

Претходно вечерва Ремс и Ница одиграа без голови, па сега Ремс има 10 бодови и остана на 17-то место, а Ница е 11-ти со 18 бодови.

Во другите попладневни натпревари победи остварија Бордо, Анже и Стразбур.

Бордо со голот на Хатемм Бен Арфа во 84 минута дојде до победата над Брест. Жирондинците сега се 11-ти со 19 бодови, а Брест со бод помалку е место на табелата зад нив.

Анже со головите на Ангело Фулгини во 10 и Пјерик Капеле во шестата минута од судиското продолжени дома го победи Лориен. Анже сега е седми со 22 бодови, а Лориен со осум бодови е претпоследен 19-ти.

И последниот на табелата Дижон има осум бодови, откако во неделата на домашен терен одигра без голови со Сен Етјен, кој со 12 бодови моментално е 15-ти.

Гостинска и тоа висока победа од 4:0 забележа Стразбур кај Нант. Стразбур поведе во 16 минута од пеналот кој го реализираше Дмитри Лиенар, во 34 минута водството го удвои Абиб Диало, Лудовик Ажорке во 78 минута реализираше уште еден пенал за гостите а стрелец беше и Кевин Зои во 83 минита.

Со овие три бода Стразбур дојде вупно до 10 со кои моментално е на 18-то место, од кое се игра квалификации за опстанок, а Нант е 14-ти со 13 бодови.