Крај на колумната
Лиле Стефановска мора да разбере две работи:
- Никој нема да и се сити на нејзината блиска иднина, ама “Господ е многу голем”
- Волкот е послаб од Лавот и од Мечката, но никогаш не игра во циркус
Да живее независна, суверена, демократска, територијално целовита, етнички измешана но хомогена Македонија
П.С
Во духот на изборите. Во Карпош се знае кој е Број 1, што би рекле Србите “Без Старца Нема Ударца”.
Но, за Скопје никогаш нема да гласам за Петре Шилегов. Кога Скопје беше затворено 4 дена поради пандемијата, градскиот ни Татко си “кидна” во Маврово, таму имал куќа. Тоа се вика Исфрустриран Курчевит Сељомакарон и тоа у покушај.
Почеток на колумната
Почитуваниот г-дин Јан Фигел даде процена дека ситуацијата со владеењето на правото и односот на нашите правосудни органи кон било кое човечко суштество е исто како во Камбоџа и Судан. Каква катастрофална процена.
Па ние не сме ни “вукојебина” во Камбоџа. Ние не сме ни дел од сценариото на легендарната епизода “Автостопер” од серијалот “Зона на Самракот” далечната 1960 година, кога Нан Адамс дознава дека е единствената личност која може да го види нејзиниот непријател кој ја прати насекаде и ја притиска да направи сообраќајна незгода. Всушност некои велат дека не сме ни банана држава, туку дека сме љушпа од кикиритка.
А јас велам дека сме како извадокот од книгата Аманет чиј автор е Тони Маџуковски-Манџук.
„ДУПКА“
Од дупка излегуваш,
и од дупка слушаш,
и од дупка гледаш,
и од дупка мирисаш,
и од дупка зборуваш,
и од дупка се олеснуваш,
и во дупка ставаш!
За да еден ден завршиш во дупка,
не сфаќајки дека цел живот,
за сe околу тебе,
си бил една обична, празна, црна,
дупка!
Да, да почитувани ние сме една голема ДУПКА. Ќе пробам малку да Ве внесам во светот на информациите кои Вие сами ќе процените каде да ги класифицирате.
Обвинителот или Џелатот г-ѓа Лиле Стефановска својата кариера кај новинарите ја започна со Томе Кежаровски. И тоа од 28 мај 2013 година кога пристигаа вознемирувачките вести Уапсен Томе Кежаровски. Така некогаш се отвараа страниците на порталите, весниците, телевизиите.
Но што е важно. На самиот старт на првото рочиште избива скандал кога одбраната укажува дека обвинителката Лиле Стефановска покренала акт по член од законот кој не постои од 2010 година и кој е преименуван. Судот прогласува пауза, а веднаш потоа судиите прават пресек во стилот- па што има врска.
Судот не е врзан со правната квалификација, туку со описот на дејствијата, ќе каже судијата.
Но она што е најинтересно во случајот помеѓу Лиле Стефановска и Томе Кежаровски е секако преписката помеќу Никола Груевски и Дуња Мијатовиќ специјален престставник за медиуми на ОБСЕ, кој и тврди на Мијатовиќ дека не се меша во независното судство. Дури и Франк Ла Ру дојде. Специјален известувач за слобода на медиуми на Обединетите Нации. И нему му беше забрането да го посети Томе Кежаровски
Но, кој е заклучокот од овој случај кој го води Обвинител или Џелат Лиле Стефановска:
- Никола Груевски е во Будимпешта и го викаат азилант, а Обвинител или Џелат Лиле Стефановска му вели си украл паери за да купиш па препродадеш плацеви на Водно
- Од инает Кежаровски не умре во затворот и на сите ќе им ја пренесува: На никого не му посакувам да го преживее она што мене ми се случи
- Пуста Лиле, злобниците ја обвинуваат дека навива барем Орце Камчев да и умре во затвор и дека со сета сила го сместува во загрижувачки затворски стандарди. Башка велат дека и Орце го фатило инает. Неќе да умре, па уште си пеел од Стоја стихови: Умри збогом, могу ја без тебе.
Но, која е Лиле Стефановска?
Лиле е обвинител кој не е заинтересиран за докази. Туку е обвинител кој е заинтересиран за моменталната власт во било кое време.
Еве јас сакам да и предочам на јавноста неколку докази и прашања:
- Од РЕК Битола е избркана фирмата Трансмет со посредство на Драган Миновски (ги тера да копаат кал наместо јаглен) и е даден бизнисот на Сиљан Мицевски од големиот СДСМ член Васко Ковачевски. Вкупната кражба по документи од еден тендер е 6 милиони евра.
- Сиљан Мицевски префрла 750.000,00 евра на шарлатанот Боки 13 за да ја финансира 1 ТВ, со образложение дека Боки 13 треба да му додели државно градежно земјиште во касарната во Битола.(Сиљан Мицевски е свесен дека тоа е невозможно)
- Ардијан Амзовски префрла 250.000,00 евра, со образложение дека Боки 13 треба да му додели државно градежно земјиште во Општина Карпош на претходно потпишан меморандум за соработка со Стефан Богоев (Ардијан е свесен дека тоа е невозможно и он заедно со Стефан Богоев се измамниците, а не друго обвинето лице)
- Христијан Мицковски не збори на памет за јагленот од Косово. Каде е криминалот? Косово е едно од 5те најголеми наоѓалишта за јаглен, но е многу помоќен од јагленот во Битола. Јагленот во Битола не е измешан(не е извршена хомогенизација) и затоа Мицковски вели дека ќе експлодираат блоковите во РЕК Битола. Уште ли е глупав машинецот од ВМРО што има родител со 80 иновации?
- Дали Империја е намерно создадена за да се направи Рекет?
- Зошто не е обвинет синот на Катица Јанева и неколку новинари (А.Ч, Ј.К.,Б.Ј и С.О.), кога има информации од свиркачи дека рекламите на повеќе фирми биле изнудувани со закани? Телевизијата по однос на гледаност, а за тоа има правилник во АВМУ, неможе да ги надомести.
- Зошто на Ленче Ристовска и рекле дека неможе да напредува како обвинител после СЈО зошто е млада , а Фатиме Фетаи е во Вишо Обвинителство и е помлада од Ленче?
Туку сакам да и честитам на Лиле Стефанова Обвинител или Џелат дека патувала со Градскиот сообраќај на ЈСП. Се надевам дека така заштедила за станот на родената и ќерка.
Е Лиле Лиле, еееееееееее. И уште еднаш е Лиле Лиле ееееееееее
Кога Јан Фигел би ми поставил две прашања за политичари, обвинители, судии и народот, моите одговори се следниве:
- Политичарите се толку глупави што лицитираат со затворски казни, а обвинителите и судиите се исти
- Народот во Македонија сеуште неможе да најде соодветен превод на англиски јазик: Сите обвинители и судии, да ги м… од керамиди.
И на трето дополнително. Што конкретно мислиш за Лиле Стефановска, Обвинител или Џелат?
Одговорот е следен: Врати се на почеток на колумната.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес