Лион се зацврстува на третата позиција

Екипата на Лион славеше со 3:2 (1:2) на гостувањето кај Бордо во првиот меч од 34-то коло од француското фудбалско првенство, со што се зацврстува на третата позиција на првенствената табела.

Гостите дојдоа во водство во 14 минута преку Мемфис Депаи, но домашните за само четири минути направија пресврт со погодоците во 34 минута на Џими Брианд и во 38 минута на Николас де Превил. Во второто полувреме Олимпик Лион сепак успеа да го оправда високиот пласман, а стрлци беа во 67 минута Максвел Корнет и во 85 минута Муса Дембеле. Домашниот од 73 минута играа со играч помалку, поради исклучувањето на Вукашин Јовановиќ.

Лион со 62 бодови е трет на местото кое води во квалификациите за Лигата на шампионите, два помалку од второпласираниот Лил кој има и меч помалку, а на врвот е ПСЖ со недостижни 84 бодови. Бордо е на 14-то место со 38 бодови, десет повеќе од 18-от Дижон кој е на местото кое води во плеј-офот за опстанок, а 12 повеќе од Каен кој е на позиција која води во втората лига.

Другите мечеви од колото се играат во недела, понеделник и вторник.