
Екипата на Олимпик Лион моментално е на врвот на табелата на француското фудбалско првенство, откако во послендниот саботен чен од 16-то коло со 4:1 славеше на гостувањето кај Ница.
Мемфис Депаи во 32 минута реализираше пенал за гостите, а Тино Кадевере по седум минути го удвои водстото на Лион. Амин Гуири во 43 минута беше стрелец за Ница, а во второто полувреме Карл Токо Екамби во 63 и Хусем Ауат десет минути подоцна го потврдија триумфот на Лион.
Лион моментално е прв на табелата со 33 бодови, еден пред второпласираниот Лил и два од третиот ПСЖ, но тие во недела ќе ги одиграат своите дуели од ова коло. Ница моментално е 12-та 21 бод.
Олимпик Марсеј на домашен терен освои само бод во средбата со Ремс, иако двата погодока на мечот ги постигнаа неговите играчи. Во 20 минута Јуто Нагатомо ја погоди сопствената мрежа, а во 45 минута во вистински превец погоди Флориан Товен.
Марсеј, кој има одиграно 14 кола, моментално е четврти со 28 бодови, два повеќе од Монпелје а три од Ренс кој се со меч повеќе. Ремс е 16-ти со 14 бодови.
Во првиот саботен натпревар Мец до 2:0 го совлада Лен, а стрелци беа Опа Нгует во 30 и Фарид Булеија во четвртата минита од судиското продолжение. Мец сега има 23 бодови е и деветти, а Ленс со исто толку бодови моментално е седми на табелата.
Во недела се играат седум натпревари во кои се среќаваат: Брест – Монпелје, Дижон – Монако, Нант – Анже, Сен Етјен – Нимс, Стразбур – Бордо, Лориен – Рен а колото го затвора дербитео во кое Лил го пречекува актуелниот шампион Пари Сен Жермен.