Седум литвански лица и уште две други лица кои работеле на полигонот на литванската армија во Швеченскиот регион, се обвинети за кражба на пакети со суви оброци на американската војска, пренесе Sputnik Литва повикувајќи се на прес-службата на литванското обвинителство.
„Според резултатите од истрагата, двајца војници на Швеченскиот полигон и командантот на четата се обвинети за кражба, злоупотреба, примање мито и давање поткуп. Уште четворица војници беа обвинети за кражба и злоупотреба. Две лица кои работеле по договор на територијата на полигонот се обвинеит за кражба“, објави Sputnik.
Според агенцијата, истрагата на претходна постапка пролетта минатата годиан на споменатиот полигон биле украден најмалку 1.176 кутии со повеќе од 14.000 парчиња сув оброк, кои биле наменети за американските копнени трупи стационирани во Литванија. Според процената, штетата изнесувала повеќе од 121.000 евра.
„Постои сомневање дека војниците е можно дејствувајќи во групи на соучесници, ја искористиле својата службена позиција и од хангарот на полигонот веројатно со приватни автомобили ги пренеле чуваните оброци за американските војници. Се претпоставува и дека командантот на четата барал муто за молчење и создал одредени услови за подредените да продолжат со своите криминални активности“, цирира натаму агенцијата.
Литванскиот кривичен закон предвудува казна затвор до осум години за кражба на вредна странска сопственост остварена во организирана група, додека злоупотребата на сопственост и остварување лична добивка со тоа се казнува со седумгодишна затворска казна. Покрај тоа, во случаите на мито, односно примање или давање поткуп предвидени се казни од пет до седум години.