Европскиот шампион Ливерпул наскоро ќе потпише рекорден спонзорски договор во Премиер лигата.
Одличните резултати под водство на Јирген Клоп не останаа незабележани од спонзорите и според магазинот „Форбс“, Ливерпул ќе потпише рекорден спонзорски договор.
Манчестер Јунајтед моментно заработуваат 75 милиони фунти по сезона од договорот што го имаат со „Адидас“, а договорот на Ливерпул ќе ја надмине оваа сума.
Ливерпул е влезен во последната година од договорот што го има со „Њу Баланс“ за 45 милиони фунти по сезона, сума што ќе биде значително зголемена кога ќе се потпише соработката со „Најк“.
Моментно во Премиер лигата, „Најк“ највеќе му плаќа на Челси со кого потпиша 15-годишен договор вреден 900 милиони фунти.