Руските медиуми објавија дека честа да го запали олимпискиот оган на седми феврури во Сочи ќе ја има гимнастичарката и убавица Алина Кабаева. Но, Кабаева не е позната само по спортската кариера, туку веќе неколку години дел од руските медиуми за неа пишуваат дека е љубовница на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Палењето на олимпискиот оган е строго чувана тајна, но ТВ-новинарката Ксенија Собочак на својот твитер-профил објави дека има информации од организацискиот комитет и домаќинот, дека токму Кабаева ќе биде таа што ќе го запали огнот на стадионот „Фишт“ на официјалната церемија на отварањето на 22-тите Зимски Олимписки Игри.
Меѓу другото, Кабаева е пратеник од партијата на Путин, „Една Русија“. Медиумите пишуваа дека Путин се развел од својата сопруга Људмила по 30-годишен брак поради преубавата Алина. Медиумите шпекулираа дека Кабаева во 2008 година родила момче, а пред две години и девојче од врската со Путин.
Според експертите, олимпијадата во Сочи е најскапата досега и за неа се потрошени 50 милијарди долари.