Лоцирана аргентинската подморница „Сан Хуан“ исчезната пред една година

Остатоците од аргентинската подморница „Сан Хуан“ која исчезна на 15-ти ноември 2017 година со 44 членови на екипажи, лоцирана е во ноќта кон саботата на дното од Атлантикот, по долгото исчекување и трпение на семјство на морнарите.

„Аргентинскот министерството за одбрана и воената морнариа известува дека со пребарување…. со помош на мини подморницата ’Сан Хуан’ е лоцирана на длабочина од 800 метри“, објави воената морнарица на Twitter.

Аргентинската власта кои пред официјалната објава се состанаа со семејствата со семејствата на жртвите во хотелот „Мар дел Плата“, каде се сместени со месеците.

„Скршени сме. Велат дека ќе ни покажат фототрафии. Готово е. Мислам дека сега ќе ја извлечат, ни рекоа дека имаат технологија за извлекување од дното, ако е на длабочина до 1.200 метри“, изјави за медиумите Јоланда Мендиола чик 28-годишен син Леонардо Киснерос бил во подморницата.

Американската приватна компанија „ Ocean Infinity“ која беше изнајмена од аргентинската влада, од септември водеше потрага, бидејќи морнарицата не ја поседува неопходната опрема. Компанијата со владата во Буенос Аирес потпиша договр според кој за лоцирање на „Сан Хуан“ добива 7,5 милиони долари

Од крајот на 2017 и почетокот на 2018 година, бродови, авиони и далечински управувани мини подморници од 13 земји попусто се обидуваа да ја лоцираат подморницата.

„Сега почнува новото поглавје“, изјави портпаролот на аргентинската воена морнарица Родолфо Рамаљо. Пребарувањето на подморницата кое ќе помогне во истрага и утврдувањето на причините за потонување на пловилото.

Подводен робот опремен со камера снимил фотографии од подморницата околу 400 километри од брегот на Патагонија. Подморницата е лоцирана ден по комеморацијата за 44-те морнари во поморската база „Мар дел Плата“, во присуство на аргентинскиот претседател Маурисио Макри, по повод првата годишнина од нејзиното исчезнување.

Исчезнувањето на подморницата ја потресе јавноста во Аргентина. Пред прекинот на комуникациите, командантот на подморницата известил за проблеми со акумулаторот, што според неговата оцен не претставувала поголем проблем за продолжување на пловидбата кон базата „Мар дел Плата“, пристаниште во Атлантикот околу 400 километри оддалечено од Буенос Аирес.

При последниот контакт екипажот на подморницата, покрај проблемите со електричната инсталација, пријавил и продор на вода, а меѓународни експерти веруваат дека е потопена поради имплозија во самата подморница. Претходно аргентинската морнарица објави за една експлозија која може да биде поврзана со исчезнувањето на „Сан Хуан“. Последниот рапорт на командантот на подморницата, кој дојде во посед на аргентинските медиуми, посочува на поплавување на дизел одделот и краток спој.