Лото скандал во Србија

Лото скандал во Србија
Лото скандал во Србија

Лото скандал во Србија – јавноста вчера била сведок на сонително извлекувае на броевите во играта на среќа „Лото“.

Гледачите во директниот пренос од извлекувањето во 59-то коло, со свои очи можеа да видат како на екранот излегува број што се уште не е извлечен од барабанот. Имено, по првите три броеви (4, 33, 12) извлечен е и бројот 27, но на екранот се појавува и бројот 21, кој потоа е извлечен како петти во низата, пренесува МИА.

Она што го прави извлекувањето уште посомнително е и однесувањето на водителката која за време на целата емисија делува збунето.

Корисникот кој го објавил видеото на ЈуТјуб го именувал како Лото местенка. Се чини граѓаните нема лесно да го заборават овој Лото скандал во Србија.

Во Македонија на 25. минатиот месец падна трета седумка во оваа година.

Трета седумка минатиот месец

lotarijaПосакуваната премија 7-ка од играта НовоЛото 7/34, го обележа 50-то коло кое се реализираше вчера, а беше емитувано во редовниот термин на ТВ Сител.

Ова е третата 7-ка во 2015, а 11-та од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.

Седумката е вредна 7.275.913,41 денари. Уплатени се 8 ( осум) комбинации, од кои добитна е 6-тата комбинација со броевите: 2, 8, 13, 20, 25, 30, 32 +1. Уплатата е извршена во Скопје во продажното место Толлакс на Плоштад Македонија. Играчот ќе добие 120.000 евра за уплата од 120 денари.

Покрај 7ката изненадување за играчите беа и двете добивки 6+1 кои носеа по 1.218.501,00, од кои едната уплата е реализирана во Кавадарци во Сигма, а другата во Скопје, во Лубито, кај Драмски театар. Добитниците на 6+1 уплатиле по 2 комбинации, при што за 30 денари ќе добијат по 20.000 евра.

Вчера беа постигнати и 7 добивки со по 6 погодоци и 188 добивки со по 5 погодоци и бројни добивки за 4 погодоци. Педесетото коло ќе се забележи и со до сега најитересната табела на добивки, со постигнати сите можни добивки од оваа игра на среќа.

НовоЛото 7/34 добивки Број на добитници Вредност на добивка
7 погодоци 1 7.275.913,50
6+1 погодоци 2 1.218.501,00
6 погодоци 7 13.079,50
5 погодоци 188 487,00
4 погодоци 1.824 117,00

Добитници ги очекуваме во Државна лотарија на Македонија за да се запознаеме со нивните среќни приказни кои ќе ги споделиме со вас.

Фондот за седумка сега изнесува 100.000 евра/6.000.000 денари кои ги гарантира Државна лотарија на Македонија. Примамлива е добивката и на дополнителната игра Џокер која нуди над 2.000.000 денари.

Играта НовоЛото 7/34 e со право омилената игра на македонските играчи на игрите на среќа, стои во соопштението на Државна лотарија на Македонија.