ЛШ: Ференцварош го елиминираше Селтик, Омонија подобра од Легија

Унгарскиот шампион Ференцварош приреди големо изненадување во средата вечерта победувајќи го на гостувањето шкотскиот великан Селтик со 2:1 во средбата од второто претколо на фудбалската Лига на шампионите, иа изненадување приреди и купарска Омонија која по продолжувањата со 2:0 во Варшава ја совлада фаворизираната Легија.

Унгарците поведоа во Глазгов со голот во 7 минута на Давиод Зигер. Израмни Риан Кристи во 53 минута, а победата на Ференцварош му ја донесе Токмак Нгуен во 75 минута.

Омонија во Варшава побед со головите кои ги постигнаа Жорди Гомеше во 92 минута од пенак, и Тиаго Сантош во 107 минута.

АЗ Алкмар, исто така, во продолжувањата со 3:1 ја победи Викторија Плзнен. Гостите поведоа во 78 минута со голот на Лимберски, а АЗ израмни во петата минута од судиското продолжение преки Компиенерс од пенал. Во продолжението Гудмонсон со головите во 98 и 118 минута го одведе својот тим во третото претколо.

Молде на гостувањето во Целје славеше со 2:1, а Брест со истиот резултат со идентичен резултат славепе против Сараево, додека Крабаг го постигна истиот резултат за триумфот над Шериф.

Митиленд со голот на Жиниор Брумада во 78 минтуа славеше на гостувањето кај бугарски Лудогорец,

 

РЕЗУЛТАТИ:

Среда:

АЗ Алкмар – Викторија Плзен 3:1 прод. (1:1)
Карабаг – Шериф Тираспол 2:1
Целје – Молде 1:2
Судува – Макаби Тел Авив 0:3
Локомотива – Рапирд 0:1
Лудогорец – Мидјиланд 0:1
Динамо Брест – Сараево 2:1
Легија Варшава – Омонија 0:2 прод. (0:0)
Клуж – Димамо Загреб 5:6 на пенали (2:2)
Јанг Бојс – Клаксвик 3:1
Селтик – Ференцварош 1:2

Вторник:

ПАОК – Бешикташ 3:1
Тирана – Црвена ѕвезда 0:1