Лукаревска не би се кандидирала за лидер на СДСМ

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукареваска, за ТВ24 во петокот вечерта изјави дека таа не би се кандидирала за лидер на владејачката партија и уверуваше дека заложбите на социјалдемократите и на партијата Алтернатива се „заеднички“.

„Во период што следува ќе видиме како ќе се развиваат работите во Собранието. СДСМ не прави отстапки во преговорите за проширување на мнозинството. Заложбите со Алтернатива ни се заеднички, а тоа се евроинтегративниот процес и прогресивните политики во државата. Во моментов премиер и лидер на партијата е Зоран Заев јас не би се кандидирала за лидер“, вели Лукаревска.