![policija-7](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/policija-7.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Полициски службеници се здобиле со повреди и им биле искинати униформите откако во саботата вечерта пред амбасадата на Босна и Херцеговина биле физички нападнати од две жени, мајка и ќерка поради укажување за непрописно паркирање, извести во неделата Министерството за внатрешни работи
Инцидентот учествувале 65-годишната Љ.А. и нејзината 43-годишна ќерка К.А. од Скопје, синоќа околу 21,30 часот прво вербално, а потоа и физички нападнале двајца полициски службеници пред амбасадата на БиХ, нанесувајќи им телесни повреди.
Настанот се одиграл на улицата „20-ти Октомври“ а започнал со расправија откако полицајците им укажале на мајката и ќерката дека го паркирале нивното возило „мерцедес“ на забрането место.
Љ.А. и К.А. почнале вербална расправија и потоа физички ги нападнале полициските службеници. Освен што им нанеле повреди, им искинале и делови од униформата.
Мајката и ќерката се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Центар за натамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.