Ако не сте премногу вешти во подготвувањето храна, а сте љубител на добрата храна, еве еден вкусен и брз рецепт што е идеално решение за вас.
Состојки:
- 300 грама мелено месо
- 300 грама шампињони
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- 300 грама макарони
- 3 јајца
- Масло
- 1 павлака
- Малку кашкавал
- Зачин и бибер
Подготовка:
Испржете го исечканиот кромид па додадете мелено месо, а потоа и сечкани шампињони. Потоа на крај додадете исечкан лук, зачин и бибер.
Макароните сварете ги, па во нив додадете пропржени шампињони.
Изматете јајца, па додадете и павлака и промешајте, а потоа се ставете во макароните. Се префрлете во плех и додадете рендан кашкавал.
Поптпечете го на 200 степени, околу 30 минути.