ЦЕВ денеска го престави новиот формат на квалификациите за Европското првенство во 2021 година, Македонија во јануари ќе биде домаќин на еден од двата турнири за пласман на континенталниот собир.
Пандемијата на коронавирус не само што ги одложи квалификациите, го промени и форматот. Наместо првично планираните средби дома – гости со сите селекции во групата, ќе бидат одиграни два квалификациски турнири.
Македонија ќе биде домаќин на вториот турнир, кој ќе се одигра во периодот од 14 до 17. јанаури следната година.
Претходно, одбојкарите ќе играат турнир во Данска од 7 до 10. јанаури. Во групата со Македонија и со Данска уште се и репрезентациите на Турција и Босна и Херцеговина.
Пласман на Европското првенство ќе обезбедат првопласираните селекции, како и најдобрите пет второпласирани од седумте квалификациски групи.