Земјава е најбезбедна земја на Западен Балкан, според Глобалниот индекс за мир (GPI), кој рангира 163 независни држави и територии според нивното ниво на мир на Институтот за економија и мир (ИЕП).
Индексот на Македонија е зголемен за 11 индексни поени, и државава е на 40 место во светот, додека на прво место во светот е Исланд, а на последното 163-то се наоѓа Авганистан.
Зад Македонија се Србија (44. место), Албанија (48. место), Црна Гора (51. место), Босна и Херцеговина (72. место) и на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.
Од Поширокиот регион пред земјава се Словенија (5. место), Хрватска (17. место) и Бугарија (27. место).
Според Институтот, поголем дел од земјите од Западен Балкан бележат напредок во состојбата за мир, безбедност и внатрешна стабилност.
ИЕП рангира 163 независни земји и териории во светот, оценувајќи ја состојбата на мир во тие земји во публикацијата „Индекс на мирот“ (Peace index) за 2021 година.
Овој извештај ја претставува најсеопфатната досегашна анализа за трендовите во мирот, неговите економски вредност и како да се развијат мирни општества. GPI опфаќа 99,7 отсто од светското население, користејќи 23 квалитативни и квантитативни показатели од високо почитувани извори и ја мери состојбата на мир во три домени: нивото на општествена безбедност и безбедност, степенот на тековните домашни и меѓународен конфликт и степенот на милитаризација. Резултатите од оваа година покажуваат дека просечното ниво на глобална безбедност се влоши за 0,07 проценти. Севкупната безбедноста е подобрена во 87 земји во светот, а се влошила во 73 година.