Оваа година одбележавме 10 години од починувањето на првиот претседател на Македонија, истиот ден 20 години од физичкото воведување и користење на еврото, наша одамна посакувана монета. Но, денес 2022 година од оваа дистанца, со жалење констатираме дека се’ што имавме немаме, Македонија, гордоста на тогашните владеачки структури, неважно дали имаме име или народ, уставно загаратнтирани или по трговски мотивирани зделки си ги продаваат и си прават мнозинство за отварање и менување…. се колнам… менување на името… па, дедо ми бил Македонец, татко ми бил Македонец, па ве молам, јазикот и идентитетот е зачуван, станавме граѓани. Па кој досега можеше тоа да го направи, а убаво викаше БЦ „… ај да видам кој е тој маж што ќе го смени името…“.
А, Франција, е Франција е држава, уште веднаш истакна дека ќе се отстрани знамето на Унијата од триумфалната капија да не се намалуваат посебноста и идентитетот на Франција. Дополнително како претседавачи сите важни состаноци ќе ги водат на француски јазик, има преведувачи, а дописите кои ќе доаѓаат на англиски јазик нема да бидат одговорени.
Но, бар за еврото имаме донесено во 2010 година законски одредби за нашата ориентација кон еврото, согласно поглавјето 17 кое се однесува на економската и монетарната политика од подготовките за преговори со Унијата.
Но, желбата да сме во ЕУ и како дел од тоа и монетарна унија и понатаму е на нивото на желба или одличен предзнак за успешно водење на државата и при тоа стопанствово на Македонија. Стручњаците од НБРМ и сега сеуште сметаат дека тоа не е толку тешко, инфлација не поголема од 1,5% од просекот на трите најдобри европски земји според овој индикатор, ценовната стабилност, одржливи јавни финансии кои се мерат преку не поголем од 3% буџетски дефицит од БДП, јавен долг помал од 60% од БДП, стабилен девизен курс, нивото на долгорочните каматни стапки да не бидат повисоки од 2 процентни поени од просекот на трите најдобри земји во Европа.
По новогодишните честитки, поскапувањата и шокот кој допрва следи како поврзани садови, имаме на располагање нова гарнитура или пореално кажано со нови желби за просперитет, напредок, па со електро шокови да се стимулира стопанството не остана ништо друго.
А, помошта на стопанствениците за исплата на плати во 2020, која требаше да се врати во истите месеци во 2021 година, со регулатива за прецизирање кој треба да врати и како, а кој е ослободен од долгот, дополнително со услови пред оданочување на добивката, па после оданочување, па навремено враќани кредити, дали имало некои инвестиции, обуки на вработени, оперативни подобрувања… и на крајот од досега обработените податоци УЈП пресмета дека се должи на државата од помошта околу 20 милиони евра.
Но, полека но сигурно ќе се решат проблемите, сега новата најреална шанса ни е Франција, 6 месеци кислород, ветар во грбот, само Бугарија да се сложи, тука е проблемот, другото е решено.
И така поминаа речиси 30 години со европска ориентација, реформи за доближување кон Европа, но значајно е дека не реконструираа по бомбардирањето на Србија, но како споредна уличка бидејќи реално беше настрадана Грција како прв сосед, па со помошта неповратни евра прво ја закрепнуваа нејзе, па потоа Македонија… итн.
Саат кулата во чаршијата во Прилеп означувала време, но на неа е запишано – Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика… „Ах“.
Автор: Јане Вангеловски за НетПрес