Иако секојдневно во Македонија имаме троцифрен број на новозаразени од коронавирус, министерот за здравство Венко Филипче вели се е под контрола. Наспроти ваквите тврдења од здравствените власти, бртианскиот јавен сервис BBC ја вброи Македонија во земјите со најголема смртност во Европа.
Филипче на неговиот профил на социјалните мречи напиша дека ситуацијата е под контрола и во изминатаат недела има намалување на бројот на нови позитивни случаи и починати.
„Намалување на нови позитивни случаи и починати, а зголемување на бројот на оздравени бележи последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 септември. Од 9.691 тестирања дијагностицирани се 890 новозаболени, 6,4 отсто помалку во однос на минатата недела‘‘, рече министерот Филипче.
Наспроти ваквите тврдења на здравствените власти во Македонија, BBCи ја смести земјава во рангот на земји со најголема смртност во Европа и земја со најлоша слика на Балканот.
Македонија има убедливо најлоша корона слика на Балканот и е меѓу земјите кои имаат најголема смртност во Европа, покажува најновата анализа на националниот британски медиумски бренд BBC.
Па така, во BBC пресметале дека со 34,6 починати на 100 илјади жители Македонија има најголема смртност во регионот. Најблиску до нас е Косово каде на 100 илјади жители починале 26,4. Следи Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Од соседите, освен Косово, сите останати имаат три пати помала смртност отколку во Македонија, а во Грција смртноста е за дури 10 пати помала. Во Албанија починале 12,9 пациенти на 100 илјади жители, 11,2 во Бугарија, 10, 7 во Србија и само 3,5 во Грција. Во европски рамки Македонија е на деветтото место. Најлоша е сликата во Белгија по што следат Шпанија и Велика Британија.
Од Министерството за здравство, пак, објаснуваат дека високата смртност во Македонија се должи на различната методологија која земјава ја користела за евиденција на смртните случаи.