Македонија му даде 40 гола на Мароко, ќе се бори за 27. место на СП

Македонската ракометна репрезентација ја забележа втората победа на 28. Светско првенство, победа која дојде во рамките на популарниот „Президент Куп“.

Нашиот национален состав славеше над репрезентацијата на Мароко со 40-25 и тоа во средба во која убедливо ги реализиравме двете полувремиња. Мароканците први го отворија резултатот што за нив беше единствено водство на средбата затоа што избраниците на Кирил Лазаров беа доминатни, сигурни на двете страни на теренот и сосема заслужено издвоиве триумф од 15 голови разлика.

Првите 30 минути ги завршивме со +6 (18-12), по паузата бевме уште поудбеливи што на крајот не донесе до борба за 27. на Мундијалот против Јужна Кореја.

Кузмановски беше најефикасен наш играч со осум гола, еден помалку постигна (Петар) Атанасијевиќ.