![toploten](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/toploten.jpg?resize=696%2C420&ssl=1)
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на оваа седмица времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.
– Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен, соопшти УХМР.
Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе
има зголемување на облачноста и во северозападните, претежно планински подрачја, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во интервал од 32 до 38 степени и УВ-индексот со вредност 8.