Македонија слета во Малага, но има уште два чaса пат до Гибралтар (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација после четиричасовен лет од Варна, стигна до Малага на југот од Шпанија и уште два часа пат ги чека фудбалерите до крајната дестинација – Гибралтар

После вчерaшното ремо во Разград со Бугарија, фудбалерите денеска цел ден го минуваат во пат, за неделната пресметка со аутсајдерот, па единствена подготовка за мечот ќе им биде утрешниот официјален тренинг.

На Македонија во Малага ѝ се приклучи и последниот член Валон Етеми, кој вчеравечер со Истанбулспор обезбеди пласман во турската елитна Суперлига.

Фото: Спорт1.мк