Професорот по теоретска механика Дејан Трајковски преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија има највисока стапка на смртност од мозочен удар во Европа.
-Македонија има највисока стапка на морталитет од мозочен удар во Европа: 180 смртни случаи на 100.000 жители годишно. Дали ова има врска со стресот, сиромаштијата и лошиот квалитет на живот? Се гледа дека најмногу удари имало во најсиромашните и најнесреќните земји.
Освен тоа, во 2018 година Македонија имала втор најлош индекс во Европа (после Романија) според исходот од лекувањето на сите болести. Секогаш е во првите три најлоши, а во 2015 година имала најлош индекс. Овој индикатор е можеби најважниот од сите шест според кои се рангираат здравствените системи. Човек да се уплаши што мора да живее тука, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Извор: Health Consumer Powerhouse (Euro Health Consumer Index 2018) https://healthpowerhouse.com/…/3.2%20Case%20fatality%20…