Македонија со офанзивен состав против Лихтенштајн – со Јаховиќ, Трајковски, Чурлинов

Македонија вечерва од 20-45 часот (пренос на Спортклуб 3) се среќава со Лихтенштајн во Вадуц, седми натпревар во мундијалските квалфикации.

Благоја Милевски нема да смета Енис Барди поради повреда, а тимот ќе биде офанзивен.

На голот ќе биде Столе Димитриевски, во одбраната Кире Ристевски, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Алиоски, во средината Адеми, Спировски и Елмас кој ќе биде зад напаѓачите, на крилните офанзивни позиции Чурлинов и Трајковски, најистурен во нападот Јаховиќ.