Македонската одбојкарска репрезентација со пораз ги стартуваше натпреварите на Европското првенство во Словенија (се игра во четири земји), откако загуби од селекцијата на Финска со 23-25, 22-25, 25-23, 21-25.
Македонската одбојскарска репрезентација одлично го стартуваше мечот на во дебитансткиот настап на Европските првенства, а пред крајот на истиот кој траеше половина час, имаа водство од 20-16. Сепак со серија на противникот од 6-1, Финска дојде до водство и на крајот го доби првиот сет со 25-23.
Во вториот сет се играше далеку поизедначено, а при водство на Финска од 22-23, селекторот Никола Матијашевиќ свика тајм – аут, но нашите одбојкари не одиграа според замисленото, па му дозволија на противникот лесно да дојде до водство од 2-0 во сетови.
Во третиот сет Македонија конечно одигра онака како што знае и умее, па со постојана резултатска контрола, во кој имаше три сервис грешки, успеа да дојде до првиот освоен сет и воедно да намали на 1-2 (25-23).
Последниот сет на натпреварот го стартувавме лошо и по само десетина минути, противникот имаше предност од четири поени (2-6). Спак со серија од 7-2 успеавме да поведеме со (9-8), но веднаш потоа попушти концентрацијата во шашиот состав. Потоа Финска ја презема резултатската контрола и до крајот успеа да ја задржи предноста за триумф од 3-1 во сетови.
`Фото: Спорт 1.мк