
Ослободување од Заев ќе значи поефикасна борба со коронавирусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека додека власта на Заев тера политика, рекет и матни зделки, во Македонија рекорден број луѓе умираат и се заболуваат
„Додека Венко Филипче политички се препукува, во Македонија има нови 163 заболени и 3 починати од корона вирусот. Со овие бројки земјата се бетонира како рекордер во регионот по починати и заболени на милион жители.
Тоа говори дека на Филипче, СДСМ и Заев личните интереси им се пред здравјето и животите на граѓаните. Поради нивната неодговорност и неспособност во Европската Унија може да влегуваат државјани на Мозамбик, Замбија и Бутан со дозволен влез, но не и Македонија. Очигледно Македонија со Заев е во полоша состојба од земјите во третиот свет“, се вели во денешното соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека целиот систем е во распаѓање, затоа што власта на Заев единствено се посвети на организирање на криминалот.
„Наместо за граѓаните тие се посветија на сопствените бизниси, на сомнителните тендери, на корупцијата и на рекетот. Јавноста виде дека милиони евра рекетирани пари се претураат во торби, а слушна и дека тие пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви.
Токму затоа Македонија е во здравствена, економска и социјална катастрофа со оваа власт на Заев.
СДСМ и Заев покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.