Македонија го зазема високото трето место меѓу најнесреќните земји во светот, односно така се чувствуваат нејзините жители. Пред нас се само Гана и Украина.
Во Македонија 32 отсто од населението се изјаснило како несреќно од животот во државата во анкетата на Брима Галуп.
Според истражувањето спроведено во 42 држави, околу една третина од жителите на Македонија велат дека не се задоволни со своите животи, што ги прави Македонците трети на листата на најнесреќни луѓе во светот, а втори во Европа.
Првопласираната Гана води 38 проценти, а во втиората Украина 35 отсто од населението е несреќно.
По нас следат Ирак, Хонг Конг, Пакистан, Ерменија, Русија, Малезија и Турција.