Македонија и Грција од наесен ќе ги намалат цените во роаминг

Македонија и Грција од наесен ќе ги намалат цените во роаминг меѓу двете држави, информираше министерот за информитика и администрација Дамјан Манчевски, по средбата со неговиот грчки колега Никос Папас на Меѓународниот саем во Солун.

Македонија и Грција како соседи имаат обврска кон своите граѓани покрај тоа што се соседи и да бидат партнери и постојано да соработуваат.На средбата со грчкиот колега, министерот Папас, ги продолживме разговорите за потпишување договор меѓу двете држави за намалување на цените во роаминг за нашите граѓани. Како заклучок од средбата со задоволство можам да кажам дека во текот на септември ќе објавиме и конкретен договор за почнување на процесот за намалување на цените во роаминг, изјави Манчевски.

Главен фокус во разговорот на двајцата министри беше обезбедувањето на сите потребни предуслови за намалување на цените за роаминг помеѓу двете држави.

 

Договорот што го потпишаа двете влади, ги отстранува пречките за соработка кои постоеа во минатото. Договорот за роаминг, е само почеток и станува збор за многу конкретна мерка од која корист ќе имаат сите граѓани. Позитивниот резултат од разговорите со министерот Папас, од кои произлегуваат конкретни поволности за двете држави, се само уште една потврда за придобивките кои ќе следат по зачленувањето на Македонија во Европската Унија и НАТО. Затоа наша обврска е да излезме на престојниот референдум и да гласаме за европска Македонија, заклучи министерот Манчевски.