Македонија пребродила во својата историја многу Заевци, ќе го надмине и овој!

„Големо ни е името, ќе сакаат да ни го земат” велеше Блаже Конески

“Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без нашето име” пишуваше Петре М Андреевски

“Ој, Македонијо, колку ли уште ни треба за да те домакедончиме! ” порачуваше Гане Тодоровски.

“Стиснете ги тревките неја ќе ја исцедите. Наслонете се врз каменот името ќе ѝ го чуете” говореше Анте Поповски…..

И сигурно ќе се запрашате зошто во изминатите неколку дена објавував стихови за Македонија. Одговорот е затоа што и Коневски, и Андреевски, исто како и Гане, Анте, Матески, Мисирков и многу други големи имиња како овие пишуваа и оставија аманет за Македонија. Со неспорен интелект и маестрална вештина.

Денес гледаме како еден човек кој е на позицијата премиер прави чекор со кој овие величини сака да ги помножи со нула, нивното творештво и аманет да каже дека се погрешни, но и како еден народ и земја со некаков договор сака да ја преименува.

И не е само овој единствениот проблем. Државата оди во неповрат, и ќе породолжи да оди со ваква власт и нема да биде подобро, затоа што освен овој договор, и ништо друго нефукционира. Економија, здравство, образование…а промената што сакате да ја видите во државата почнува од секој од вас, од вашиот став и размислување и вашата сила е поголема од секоја друга.

И после потпишувањето на договорот граѓаните ќе продолжат да живеат лошо.

Македонија пребродила во својата историја многу Заевци, ќе го надмине и овој. Но неговиот срам ќе остане!

Се гледаме денес во Битола 13.30 часот.