![fudbalska reprezentacija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/fudbalska-reprezentacija.jpg?resize=640%2C411&ssl=1)
Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68-то место на ФИФА ранг-листата објавена во четвртокот.
И покрај двете победи во ноемвриските дуела од Лигата на нации против Лихтенштанј и Гибралтар, „црвено-жолтите“ останаа на истата позиција каде што се најде уште на рангирањето на 20-ти септември.
Следниот противник на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово бележи напредок од шест места и сега е на 131-то.
На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.
Следното рангирање светската фудбалска федерација ќе го изврши на 20-ти декември.