
Македонскиот машки клупски ракомет се најде на третото место на најновата листа која денеска ја објави Европската ракометна федерација (ЕХФ) и која се однесува за европските купови за натпреварувачката 2020/2021 година.
Имаме 115 поени и сме само зад Франција и Германија, а во случајов тоа ни гарантира едно место во ЛШ и три во Европска ракометна лига (ЕХФ Купот се преименува). За овој рекорден ранкинг на Македонија дефинитивно најзаслужен е Вардар кој во последниве години игра извонредно во Европа, па дури и двапати се искачи на самиот врв. Тука секако не треба да се заборави ниту Металург кој играше во ЛШ, но и Еурофарм Работник.
Кога е во прашање женскиот ранкинг, ние сме на осмата позиција што ни овозможува едно место во ЛШ и три во Европска ракометна лига во натпреварувачката 2020/2021.